| |

Генералниот конзулат на Бугарија во Битола собра сонародници и пријатели на Бугарија на Божикна- новогодишна прослава

По повод божикните празници и Нова година Генералниот конзулат на Бугарија во Битола организираше прослава на која присуствуваа претставници на бугарските здруженија од Битола, Охрид, Струга, Кавадарци, Струмица, Прилеп и други градови од конзулскиот реон, јавува Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.
На прославата присуствуваа и почесните конзули на Франција, Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора а исто така и претседателот на локалното македонско -хрватско друштво Хрватски културен центар ,,Марко Марулиќ.
Гостите беа пречекани по традиционален бугарски начин со леб и сол а културната програма беше организирана од Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола.

Во културната програма зедоа учество фолклорна група од битолскиот ансамбл ,,Плетенка” и група од државниот ученички дом ,,Мирка Гинова” во Битола.



Во своето обраќање претседателката на МБП Битола , Маринела Петреска, обрна внимание на улогата на празникот Божик како празник на надежта, добротворноста и традициите. Гостите на настанот ја поздравија иницијативата на децата од творечката работилница ,,Искра” , нивните божикни картички и други ракотворби да бидат подарени на Домот за стари луѓе во Битола.



Од своја страна Генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров, ги поздрави сите присутни за празникот Рождество Христово, им посака здравје и среќна и успешна 2024 година.


Дедо Мраз ги израдува најмалите гости на настанот со пакетчиња подароци испратени од Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Слични Објави