| |

АТАНАСОСКИ: ГДУ ВНЕСЕ СВЕЖИНА ВО ПОЛИТИЧКАТА ПОНУДА

„Наспроти оваа „ богата“ понуда, од тазе новоформираните политички партии, во идеолошката потковица центар-десно се издвојува Граѓанско- Демократската унија, која многу мудро, полека, без никаква помпа се наметнуваше на политичката сцена како алтернатива на постојниот политички модел, и внесе свежина во политичката понуда до граѓаните со право на глас. Имено, нејзиниот лидер Петар Колев, прв излезе со предлог, бројот на пратениците во македонското собрание да биде намален, бидејќи голем дел од пратениците се претворени во гласачка машина, седат, гласаат под партиски диктат, и земаат голема плата во наредните четири година. Одозгора на сето тоа кога ќе се додадат астрономските патни трошоци ( за кои Колев исто така предложува да се укинат), се гледа дека реформите на македонскиот општествено-институционален систем мора да почнат од горе, бидејќи нели „ рибата смрди од главата“. ГДУ, досега учествуваше и на локалните избори за градоначалник во Охрид, каде што нејзиниот кандидат оствари сосема солиден резултат, освојувајќи околу 5-6 % од излезените гласачи, што значи оваа партија веќе „ ги меша картите на македонската политичка маса“. Партијата својот бастион го гради на Истокот, но исто така свои структури има насекаде низ Републиката. Можеби, тоа што ја прави различна од сите мали десничарски партии, е што е мултиетничка и демократско- граѓанска партија, бидејќи во своите раководни тела има вклучено припадници од повеќето етнички и религиски заедници во Македонија. Нејзиониот модел на „ граѓанско-демократска унија“ потсетува на идеолошката матрица на владејачката германска ЦДУ, односно на партијата на Ангела Меркел. Модерен и прогресивен конзервативизам, со традиционални вредности е политичката понуда на оваа партија, која веќе се наметна како сериозен политички проект на македонската политичка сцена“, пишува во својата најнова колумна за Фактор, политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

Слични Објави