„КОМИТИ“ ДРАЧЕВО ПОБЕДНИЦИ НА ТРЕТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „САШО ОЦЕВСКИ-МЕШКО“
Екипата на „Комити“ Драчево го освои трофејот на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски-Мешко“, што по трет пат се одржа во големиот парк на населба Драчево. Во финалето „Комити“ Драчево ја совладаа екипата на ССК 83/84 со резултат 3:2 по изведба на пенали, додека во редовното време натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2.
Меморијалниот турнир „Сашо Оцевски-Мешко“ се организира веќе трета година поред во чест на Сашо Оцевски, голем заљубеник во спортот, навивач на Вардар и медиумски работник.
Мешко и оваа година ги собра на едно место луѓето со кои другаруваше и работеше заедно во текот на неговиот живот. Организатор на турнирот е семејството на Сашо, а истиот е помогнат од пријатели на Мешко и ТВ Сонце.
РЕЗУЛТАТИ НА ТУРНИРОТ:
Полуфинале:











































