| |

Гвоздејков: Бугарија ќе стане полноправна членка на Шенген зоната и на Еврозоната до крајот на 2024 г.

До крајот на 2024 година Бугарија ќе стане полноправна членка на Шенген зоната и на Eврозоната. Ова за БНТ го изјави министерот за транспорт на Бугарија Георги Гвоздејков, пренесува БГНЕС.

„Шенген зоната е можност за висок економски развој на Бугарија. Шенген овозможува брз пристап до стоки и слободно патување на луѓето“, рече министерот за транспорт.

Според неговите зборови, одлуката Бугарија да се согласи со условите на Австрија, иако земјата била „полуприфатена“ во Шенген е добра.

„Австрија беше најголемиот противник за влез на Бугарија во Шенген. Секоја земја има свои внатрешно-политички гледишта, кои имаат големо влијание, но сепак треба да бидеме благодарни за резултатот“, рече Георги Гвоздејков.

Слични Објави