ТРИБУНА ПРАШУВА: ЗОШТО ЗА ПЕТАР КОЛЕВ НЕ ВАЖАТ ИСТИТЕ ПРАВИЛА КАКО ЗА ЗАЕВ И ЗА СПАСОВСКИ?
Екипата на „Трибуна“, што беше испратена во Штип да го проследи гласањето на претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев, на референдумот што се одржува денеска, беше спречена да го фотографира и сними самиот чин. На избирачкото место 2269 во Штип добивме изрична забрана од комисијата да фотографираме и снимаме. Тоа секако не важи за личности како премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Трибуна“ прашува: Дали овде не се работи за намерно медиумско затемнување на активностите на претседателот на ГДУ и кој се плаши од Петар Колев и партијата што ја предводи? Слободата на медиумите е една од основните вредности врз кои се темели Европската Унија, па да потсетиме дека денеска како што вели пропагандниот материјал за поддршка на референдумов, излегуваме за Европска Македонија. Ние излеговме, ама бевме спречени да си ја завршиме работата, тоа и не наликува на баш европско однесување од страна на надлежните, нели?
Како што можете да забележите забраните за фотографирање на избирачко место не важат и за г-нот Фијат Цаноски и неговото семејство.
