| |

Во Куманово и Скопје заедничка промоција на книги од автори од Бугарија и РС Македонија

На 11 и 12 јануари во Куманово и Скопје на промоција во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово и Факултетот за драмски уметности во Скопје беа претставени книгите „Животот на класиката“ на бугарскиот писател и литературен критичар Пламен Тотев и „Среќните луѓе не слават родендени“ на новинарот и писател од Република Северна Македонија Сашо Кокаланов. За настанот информира на својата Facebook страна Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

На настанот присуствуваа голем број писатели. пријатели, претставници на БКИЦ- Скопје и други гости.

Слични Објави