|

Хамас: Можно е да се убиени многу заложници, крив е Израел

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Убаида, рече дека судбината на многу од израелските заложници е непозната.

Во своето прво телевизиско интервју по неколку недели, по повод 100-тиот ден од почетокот на војната, Абу Убаида рече дека е можно многу од заложниците да се убиени, обвинувајќи го Израел за нивната судбина.

Тој додаде дека „секои преговори се бескорисни пред Израел да ја прекине својата агресија“.

„7-ми октомври се случи како одговор на стогодишниот масакр врз нашиот народ“

„Упадот преку границата на 7 октомври се случи како одговор на стогодишниот масакр на нашиот народ од страна на окупаторот и неговите банди“, додаде тој.

Во нападот загинаа повеќе од 1.200 луѓе, што е најголема еднодневна загуба на животи од основањето на државата Израел во 1948 година. Напаѓачите зедоа 240 заложници и ги однесоа во Газа.

Абу Убаида рече дека борците од вооруженото крило на Хамас нападнале и онеспособиле околу 1.000 израелски тенкови за време на војната.

Зборувајќи за можноста за проширување на нападите, Абу Убаида тврди дека „неколку страни на отпорот објавија дека ќе ги прошират своите напади врз израелскиот непријател во наредните денови“.

Слични Објави