|

Одбележуваме 64 години од смртта на горноџумајскиот војвода на ВМОРО Ичко Бојчев

На 17-ти јануари 1960 г. во Благоевград умира горноџумајскиот војвода на ВМОРО ХРИСТО (ИЧКО) ДИМОВ БОЈЧЕВ. Роден е 1882 г. во Гуменџе. Учи во Бугарската гимназија во Солун, каде што пристапува во ВМОРО. Влегува во четата на војводата Апостол Петков и учествува во борбите на Илинденското востание. Потоа се префрла во четата на војводата Христо Чернопеев и водат борби со грчките андартски чети. Во 1905 г. е избран за горноџумајски војвода. И. Бојчев се занимава со префрлање на оружје, луѓе, чети и провизии за и од Слободна Бугарија и се грижи за црковното и просветно дело. Во 1908 г., по објавувањето на Хуриетот тој се легализира. За време на Балканските војни влегува во Македоно-одринското ополчение на Бугарската војска. Учествува во ослободувањето на Горна Џумаја и во Брегалничката битка против србските војски. Во текот на Првата светска војна добива офицерски чин во 11-та македонска дивизија на Бугарската армија. Учествува во борбите на Криволак, Гевгелија, Дојран, завојот на Црна река и пробивот при Добро поле. По војната живее во Горна Џумаја и е назначен за околиски началник. По обновувањето на ВМРО од Тодор Александров тој станва член на месното раководство. По Втората светска војна И. Бојчев се спротивставува на насилната македонизација на населението во Пиринска Македонија, спроведувана од БКП.

На неговиот погреб се собрале голем број на луѓе.

“Јас сум македонски Бугарин и не мислам да ја одречам својата националност пред кого и да било… Во мојата долгогодишна дејност, како востаник и комита, околиски началник, кооперативен деец, помошник-кмет и сл., никогаш не сум се раководел од материјални и лични интереси. Доколку што силите и возможностите ми позволуваа, јас се борев против потиснувачите и за доброто на нашиот народ. Секогаш сум се стремел да бидам полезен на Бугарија и на бугарскиот народ. Верувам, дека достојно сум го исполнил својот човечки и граѓански долг и мојот принос за полза на татковината не може лесно да се избрише.“

ИЧКО БОЈЧЕВ – ГОРНОЏУМАЈСКИОТ ВОЈВОДА, Христо Григоров

Слични Објави