(Галерија) МПО „Пирин“-Чикаго организираше проекција на филмот „Илинден“ во културниот центар „Булгарика“ во Чикаго
Вчера во културниот центар ,,Булгарика” во Чикаго, се одржа проекција на филмот ,, Илинден” во продукција на Македонскиот научен институт. Настанот се случи благодарение на организаторите од МПО Пирин Чикаго.
Пред самата проекција на филмот предавање одржа Стојан Дечев учител по историја и член на МПО Пирин Чикаго. По прикажувањето на филмот се одржа и дискусија во која што зедоа учество Генералниот конзулат на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, професорот од Универзитетот во Синсинати Иван Динев Иванов и присутните педесетина членови и пријатели на МПО Пирин Чикаго.
Генералниот конзулат Станков во своето обраќање обрна внимание на политичката димензија на тоа најмаштабно Бугарско востание и улогата на современата бугарска емиграција од регионот на Македонија за зачувување на заветот и делото на мачениците од Илинден.
,,Ако македонското прашање пред 120 години било поврзано со добивање на автономија а подоцна независност на македонска држава, денес македонското прашање неговото решавање е поврзано со уважувањето на правата и интересите на македонските Бугари каде и да се наоѓаат во светот”, истакна Генералниот конзул Станков.





