РЕФЕРЕНДУМОТ ПОМИНА ИСЧИСТЕТЕ ГО КЛИНИЧКИ!!!
Другари, помниме кога со жив ѕид го браневте ГТЦ за да не го „облечат“ во барок. Сега неколку дена по референдумот мислиме дека е време да се организирате уште еднаш, овој пат со помош на надлежните институции и да го исчистите Клиничкиот центар во Скопје. Ако чекате да дојдат да го исчистат од некоја амбасада пеки, ама не е лошо и вие да мрднете со прст. Актеркава Ирена Ристиќ веќе не ви доаѓа да знаете, бидејќи последниот пат кога ги метеше пикавците пред Влада ја уапсивте и ја однесовте во Бардовци.

