(Фото) Софија на второ место во листата на најдобрите метрополитени во Европа
Метрото во Софија е рангирано на високото второ место во Европа, во материјал посветен на најновата листа на најдобрите и најлошите метрополитени, објавен на сајтот Travel tomorrow. Метрото во Софија ја добива високата оцена од 7,64, а пред него со оцена од 8, 06 се наоѓа само метрото во Осло.
Во првата 10-ка се наоѓаат уште метрополитените во Атина, Мадрид, Варшава, Лондон, Букурешт, Лисабон, Копенхаген и Прага.

