(Видео) Нешков: Отсуството на знамето на РСМ на фотографијата со Силјановска не е грешка. Тоа беше приватна посета
Нема пропуст на протоколот, тоа е приватна посета, за такви посети не се предвидени официјална церемонија и ритуали, кои се применуваат. Во случајот станува збор за приватна посета. Ова го изјави новинарот и сопственик на најголемата приватна информативна агенција во Бугарија БГНЕС Љубчо Нешков во утринската програма на бугарската Нова телевизија.
„Прашањето, што треба да биде решено во Македонија е дали таа земја сака да биде вистински независна или нејзиното постоење е поврзано со омразата кон Бугарите“, вели Нешков.
Во однос на тоа, кој го кренал скандалот, Нешков е дециден дека за тоа се одговорни довчерашните „сојузници“ обвинувани дека се пробугарски ориентирани од СДСМ, кои сега го користат истиот арсенал како ДПМНЕ додека партијата беше во опозиција.
„Тие кои до вчера, беа обвинувани дека се пробугарски и блиски до Бугарија од Социјалдемократскиот сојуз, го користат арсеналот, што го користеше ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција. Затоа велам дека, овде станува збор за државна идеологија. Таа била понижена, не обрнала внимание на тоа и тн.“, вели Нешков.
Што уште кажа сопственикот на БГНЕС во своето гостување во утринската програма на Нова телевизија погледнете во видеото што следи: