| |

Виша математика ! Што е право МАКЕДОНЧИШТЕ?

Пишува: Ели Секуловска

Право МАКЕДОНЧИШТЕ е кога ќе Ве изнавреѓаат и Вас и Вашите претци , но потоа ќе се спремаат за Илинденското Востание како вистински МАКЕДОНЧИШТА да веат знамиња , востание кои го дигнале и погинале токму тие Ваши претци !

Второ, прашање за милион долари?

Доколку вашиот дедо бил суден како Бугарин до 1944 година , потоа веднаш станал Македонец , тогаш што бил неговиот директен предок ? Доколу дедо ми бил Бугарин , значи дека и неговиот директен предок бил Бугарин , но за потребите на историјата денес го пишуваат како Македонец ! Или , поточно , сакам да кажам , доколку сите потомци како и преживеаните Илинденци биле Бугари ( сите се така судени ) , тогаш според македонската логика на нештата значи дека тие се окупирале самите себеси ? Нели , браќа и сестри , чисти Македонци ?

Поточно , Вашиот предок бил Бугарин , ама не бил ,т.е до 1944 бил Бугарин потоа Македонец , но вие ќе останете запишани во колективната меморија како Бугараш , а одеднаш вашиот прапредок станал Македонец ?

Ова е виша математика , равенка со многу непознати .

Поточно , чинам дека е време да бараме азил затоа што оваа шизофренија Бугари – Македонци која ние како семејство ја живееме повеќе од 70 години не се издржува.

Бугари , кога им треба непријател , а кога треба да се слави идентитетот, тогаш сме Македонци .

Ова е бајаги пролупано.

Слични Објави