| |

ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ОСУДЕНА НА 6 ГОДИНИ ЗАТВОР

Денеска во судот беше изречена пресуда од 6 години затвор на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Донесена е одлука Јанкулоска и да ги надомести трошоците на кривичната постапка од вкупен износ од 323. 841 денар.
Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Претходно за случајот Тенк, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра, правосилно беа осудени екс премиерот Никола Груевски на две години затвор и помошник министерот Ѓоко Поповски на четири и пол години.

Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски, односно за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.

Слични Објави