| |

БОШЊАКОВСКИ: КОН ИМЕТО НА ДРЖАВАТА ЌЕ БИДЕ ДОДАДЕНА ОДРЕДНИЦАТА СЕВЕРНА

Во преамбулата на Уставот на Република Македонија, кон името на државата ќе биде додадена географската одредница Северна, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија. Бошњаковски не кажа дали е обезбедено мнозинство за уставните промени, и изјави дека Владата како овластен предлагач ја почнала процедурата, која сега ќе се одвива во Собранието. Бошњаковски изјави дека наскоро ќе се знае дали ќе има мнозинство во Собрание. Портпаролот на Владата повторно истакна дека со предлогот за уставни измени се почитува волјата на луѓето кои се одважиле да излезат на референдумот и со огромно мнозинство го поддржале Договорот со Грција.

Слични Објави