Одбележуваме 80 години од смртта на револуционерот и припадник на ВМОРО/ВМРО Кирил Прличев
На 9-ти фрвруари 1944 г. во Охрид умира КИРИЛ ГРИГОРОВ ПРЛИЧЕВ, револуционер со најдолг стаж во организацијата и член на ЦК на ВМОРО. Роден е 1875 г. во Охрид. Завршил Бугарска гимназија во Солун. Учителствувал во Воден и Прилеп. Учествувал во Четничката акција (Мелничкото востание) организирано од Врховниот комитет. Покасно студира на историско-филолошкиот факултет во Софија. Зема учество во Илинденското востание. По востанието бил учител во Бугарската гимназија во Солун. После Хуриетот е еден од основачите и делегат на Сојузот на Бугарските конституциони клубови. Тој е меѓу основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Го открива гробот на Св. Климент Охридски. По обновувањето на ВМРО во 1919 г. е назначен за член на Задграничното представништо. По убиството на Тодор Александров застанува на чело на групата на „протогеровистите“. Во 1941 г. се враќа во Охрид и бил директор на Историскиот музеј. К. Прличев бил редактор на весници, преведувал и пишувал книги. Најпозната е “Српскиот режим и револуционерната борба – српските жестокости во Македонија“.
Погребан е во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, во гробот на неговиот татко.
“Кирил Прличев, исто како неговиот татко Григор Прличев, себе си се смета за Бугарин од Македонија. Целата импозантна дејност на Кирил Прличев е посветена на борбата и слободата на македонските Българи. Токму затоа, како комунистички морално-политички непогоден син на најистакнатиот преродбенски поет од XIX век, Кирил Прличев во југокомунистичката пропаганда е премолчуван и третиран како непостоечка личност.“
ПЕДЕСЕТ И ШЕСТ ГОДИНИ ПРЕМОЛЧУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА, А. Бонев, 2000 г.
“Уште при влегувањето во Македонија Србите пројавија непријателско настроение спрема месното Бугарско население. При првиот восхит од пречекувањето на христијански и сојузнички војски населението насекаде ја изразуваше својата искрена радост, возкликнувајќи некаде „добре дојдовте“, на друго место „ура“, а на трето место „Христос воскресе!“. Тие бугарски изрази на природното чувство на радост од страна на населението не им се допаѓаше на сојузниците Срби. Тие насекаде го задаваа на србски прашањето: „Шта си ти?“ на кој што од секаде се добиваше истиот одговор „Бугарин“, прашање и одговор фатални и судбоносни за односите на новите сојузници, како што го сватила тоа и Карнегиевата анкетна комисија во својот извештај, непријателството на Србите спрема новите поданици зема застрашувачки карактер. Тие почнуваат веќе јавно да негодуваат и побеснуваат при секоја пројава на Бугарски говор, Бугарско име, Бугарски чувство. Од сега понатаму во Македонија не можеше да суштествува ништо Бугарско: градовите добија србски имина, улиците во градовите се наименуваа по србски: надписите на магазините задолжително требаше да бидат на србски, секој требаше бездруго да прикачи на своето име завршеток „ич“: свештеникот во црквите да служи на србски, владиката да го споменува само името на крал Петар, верникот да се моли на србски, учителот да предава на србски, а ученикот да стане „џак“ и секој ден при влегување во училиштето да изјавува по должност „јас сум прав Србин“.
СРПСКИТЕ ЖЕСТОКОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, 1917 г.
