Одбележуваме 62 години од смртта на војводата и член на ЦК на ВМРО Георги Попхристов
На 20-ти февруари 1962 г. во Софија умира војводата и член на ЦК на ВМРО ГЕОРГИ ПОПХРИСТОВ. Роден е во битолското село Крстоар 1876 г. Учел во Бугарската класична гимназија во Битола, а потоа во Солунската Бугарска гимназија. Учителствувал во Кавадарци, Прилеп, Битола и Леринско. Во 1902 г. го придружувал Гоце Делчев во обиколката на Костурско. После Јосифовата афера е уапсен од турските власти и осуден на смрт, но покасно е амнестиран. Бил делегат на Смилевскиот конгрес и е избран за заменик на Даме Груев како член на главниот штаб на востанието. Учествува во Илинденското востани и води борби во Леринско. На Рилскиот конгрес на Организацијата е избран за делегат. По Младотурската револуција е делегат на основачкиот конгрес на Сојузот на Бугарските конституциони клубови. При акцијата на разоружување пак е уапсен од властите, измачуван е и заточен во затвор. Учествува во Балканските војни како војвода во Македоно-одринското ополчение. Во текот на Првата светска војна учествува во 11-та македонската дивизија на Бугарската армија. По убиството на Тодор Александров е избран за член на Централниот комитет на ВМРО. Покасно ја предводи групата на протогеровистите, но по наредба на Иван Михајлов се повлекува од политичката дејност. Во 1941 г. се враќа во Битола и учествува во организирањето на контрачети против комунистичките партизани. Тој и други стари видни револуционери во 1951 г. објавуваат специјална делкарација против југословенските претензии на Пиринска Македонија
“Во участокот не’ испитуваа двајца офицери. Прво ме запрашаа, дали знам грчки и зошто не знам. Јас им отговарив: „Не знам, зашто не сум Грк, а Бугарин“. Тие се чудеа и кажаа: „Како така ти си родум од Македонија и да не знаеш грчки, кога Македонија е наша и сл.“ После тоа прашаа кој ни дал оружје за востанието. Им кажувам: „Никој, со пари сме го купувале од вас и каде што сме можеле да најдеме“. Тие си останаа со убедувањето, дека јас не сум од Македонија, а дека сум бугарски офицер. Не можеа да поверуваат исто, дека ние сме си го направиле востанието. Кажуваа „Бугарски офицери како Сарафов и други го направија востанието, а не вие“. Уште тогаш сватив каква злоба и какви замисли се раѓаат кај Грците против нас, Бугарите во Македонија.“
“Но можеа ли тие (Гоце Делчев, Даме Груев и др.) вообшто да допуштат тогаш, дека ќе се случи така, дека еден ден нивното бугарско народно чувство ќе биде одречено во нивните родни огништа од неуки или измамени луѓе. Колку болно ми стана од сето тоа! Да се бориш за човечки права и за другите народности во својата Родина: Власи, Евреи, Грци, Турци, Албанци, Цигани и после тоа да те негираат како Бугарин – тебе, најголемиот борец за слободата на својата земја. Има ли поголема трагедија од тоа и поголемо осквернување пред делото на Илинден?!”

