| |

Продолжува потрагата по 17 годишната девојка од Дупница, која исчезна во четвртокот

Во Дупница и регионот продолжува потрагата по 17-годишната ученичка Ивана Георгиева, која исчезна во четвртокот, потврди за БНР градоначалникот на градот Прван Дангов. Вчера во акцијата учествувале повеќе од 200 полицајци, жандармерија, планински спасувачи, доброволци.

Во операцијата се користат кучиња за следење, дронови, термални камери. Километарски се пребарувало целото подрачје во градот, блиските села Пиперево, Баланово, Блажиево, покрај коритото на реката Џерман.

Досега нема резултати.

Пронајдена е јакната на девојчето до тунелот на главниот пат Е-79 и нејзиниот мобилен телефон, оставен во училиштето – поранешното тутунско техничко училиште во Дупница. „Операцијата повторно почна во 6 часот, нема резултат“, изјави градоначалникот Прван Дангов.

Слични Објави