МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКИ ЛЕН КУП ВО ОЛИМПИСКАТА ДИСЦИПЛИНА 10КМ
Македонија доби организација на Европски ЛЕН куп на олимписката дисциплина од 10 километри, која ќе се одржи во Охрид.
На 18. август следната година, градот Охрид ќе биде домаќин на трката на 10 километри во рамите на Европскиот ЛЕН куп.
Трката на десет километри е и олимписка дисциплина во далечинско пливање. Македонија за прв пат ќе биде домаќин на ваков настан.
Извор: МКД.мк
