| |

(Галерија) Државата Мичиген со големо признание за бугарската заедница земјата- во прокламацијата е наведен и придонесот на македонските Бугари

Гувернерката на државата Мичиген во САД, г-ѓа Гретчен Витмер, издаде прокламација која го објавува 3-ти Март за Ден на ослободувањето на Бугарија, јавува преку социјалната мрежа Фејсбук генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков.

Во својот пост Станков додава дека во документот се забележува и придонесот на бугарската заедница на училиштето ,, Бугарија” во Детроит и на бугарскиот Културен центар, кон културната разноликост и економскиот развој на државата.



,, Денешниот ден донесе уште едно големо признание за Бугарија и бугарската заедница во државата Мичиген, пишува Станков додавајќи дека во прокламацијата се признати и достигнувањата на македонските Бугари во Мичиген, кои во 1929 година изградиле своја црква ,,Св. Тројца”, која денеска го носи името ,,Св. Климент Охридски “.

Во прокламацијата се спомнуваат бугарското неделно училиште,, Бугарија” во градот Трој и црквата ,,Св. Дух” како темел за зачувувањето на бугарскиот јазик, култура, религија и идентитет.

,, Го користам случајот да ја поздравам г-ѓа Даниела Начева , лидер на бугарската заедница во Мичиген, сите учители и членовите на заедницата, која ја носат Бугарија во своите срца и да им посакам да се активни во зачувувањето на своите корени и култура. Пред точно две години заедно со градоначалникот на градот Трој, Итан Бејкер, за прв пат го посетив Мичиген и се радувам што денес сите заедно што можеме да се поздравиме со ова признание “, пишува Станков во својот пост во кој ги поздравува Бугарите и за празникот баба Марта, посакувајќи им таа стара бугарска традиција да им донесе здравје, живот и убави денови.

Слични Објави