| |

ВЛАТКО ЃОРЧЕВ НА ЕВРОПСКИОТ САМИТ ВО ВИЕНА, СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА ИРИ ЗА ЕВРОПА

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на европскиот самит на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Виена.

Европскиот самит на ИРИ опфаќа теми поврзани со современиот развој на политичките партии, актуелните кампањи, како и соработка на партиите од десниот центар од Европа и САД.

На самитот на ИРИ учествуваат предавачи и експерти од САД, Велика Британија, Франција, Полска, Чешка, Романија, Словенија, Австрија и други земји.

Во рамките на самитот, Ѓорчев се сретна со Тиболт Мезгре, новиот програмски директор на ИРИ за Европа.

На средбата стана збор соработката помеѓу ИРИ и ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период и долгорочното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија од САД, како дел од вкупната соработа помеѓу двете земји.



Слични Објави