| |

Гоце Делчев и современите предизвици

Пишува: Владимир Перев

Македонскиот народ веќе стотина години е во потрага по својот сопствен идентитет. Од паѓањето под современото српско материјално и духовно ропство по 1918 година, запечатено со Договорите во Неј, македонскиот народ е подложен на брутална економска експлоатација и денационализација врз сопствените бугарски корени, корени кои се стари 1300 години, од стварањето на Првата бугарска држава, па дури и непосредно пред тоа. Пројавите на некаков македонизам кон крајот на 19-от век и почетокот на 20-от, во кралската Југославија по 1918 година, почнуваат да се толерираат како некаков етнички модалитет, нужен за формирањето на новата, југословенска нација.

Неуспехот на југословенската идеја, како на Александар Караѓорѓевиќ, така и на Јосип Броз Тито, доведе до распадот на државата Југославија и крвавата пресметка на националистите на нејзината територија. Југословенските народи не сакаа да го применат југословенското име врз сбе сѝ, не го сакаа името на државата во која живееја.

Најголем неуспех доживеа титовата југословенска идеја. Тој не успеа да ги оствари своите главни цели: 1. Не успеа да ги одвои хрватските католици од Ватикан и да аформира “самостојна“ хрватска национална католичка црква, нешто како југословенски протестантизам и 2. Не успеа на албанскиот етникум во СФРЈ да им го наметне називот Косовари. Тие два неуспеси, беа основата на лавината која ја голтна СФРЈ и го обезличи делото на комунистите и личното дело на Тиранинот. Сепак, неговиот главен успех остана формирањето на “вековната“ македонска нација, со корени длабоко и зад Средниот век, како и наративот дека се што било на македонска територија, нужно треба да биде и македонско. Така, по пропаста на југословенството, македонците стигнаа до Антиката и Александар Велики, со мечта да се осовременат нивните амбиции и да се самоинсталираат во кругот на големите и одбрани нации, со историја и идентитет длабоко во Антиката. Таа амбиција беше брутално и праведно уништена од Грција, која прва ја сфати опасноста од појавата на македонизмот, како опасност по сопствениот идентитет.

Приказната со Бугарија е поинаква. Бугарите отсекогаш гледале кон Егејот како свое место за опстанок, за таа идеја, за време на Третото царство да стане мисла-водилка на цар Фердинанд и неговите глупави амбиции да седне на “вакантниот“ византискиот престол во Цариград. Македонија ја сметале како “сигурно своја“, со оглед на фактот дека словенското население во Македонија било целосно со бугарски национален идентитет. Српските политичко-идеолошки и пред сѐ материјално финансиски дејствија овде, Софија не ги земаше предвид, за сето тоа денес да се струполи на главите на бугарските раководители, соочени со негирањето на бугарскиот идентитет-делимично и во самата Бугарија, а целосно и во РСМакедонија.

Белградската комунистичка номенклатура, безрезервно поддржувана од Москва, разви огромна по своите размери и финансиски погодности, пропаганда во Македонија, во која се стигматизираа македонските бугари, како одродени елементи на македонскиот народ, предавници и секогаш фашисти. Се стигна до таму, што секој кој бил на образование, па дури и на летување во Бугарија, а тоа не било платено со парите на СКЈ, СКМ или на московската агентура, треба да се смета за фашист и да биде под надзор на службите. Истовремено, Универзитетот и институциите произведуваа кадри кои пропагираа антибугаризам, комбиниран со некаква вековна самостојност на македонскиот идентитет, како и јазик-македонски, кој наводно бил основа на првата славјанска Библија на Светите браќа. Така почна втората фаза на деструкцијата на националниот идентитет на македонските бугари.

Од абревиатурата ТМОРО/ВМОРО, преднамерено беше вадено Одринско, за да се заборави или пренебрегне фактот дека Организацијата се бори за “сите поробени бугари“, а Одринско да се остави на заборавот, за конечно додавката ДПМНЕ на ВМРО да ја озакони, на некаков начин, србизацијата/југословенизацијата на Партијата, која ги брише бугарските коерни на ВМРО. Воедно, почна силната популаризација на македонистичките дејци и пропагатори на српството како што беа Крсте Мисирков, Темко Попов(иќ), Коста Групче(виќ), Дијаманди Мишајков(иќ) и ред други. Јасно беше дека во Македонија ќе биде прифатено сѐ што е напишано пред 1918 година со предиктот македонски (како национален идентитет), без разлика што на сите им беше јасно за конвертитството и нестабилниот личен и емотивен статус на Мисирков, како и бруталниот материјализам и алчност на Групчев(иќ), Мишајков(иќ) и сличните на нив. Изненадување меѓу интелектуалците беше внесувањето во игра на српскиот агент во Цариград и градоначалник на Охрид за време на “српско“, Темко Попов(иќ). Цел Охрид и добар дел од Македонија знаеја дека Темко е внук на владиката Калиник од Охрид. Неговиот татко, Стефан Владиков, вонбрачниот син на грчкиот владика Калиник, (сведоштво на Кузман Шапкарев) заради што и се презива Владиков, е човекот кој, од фанариотски побуди, на турската власт ги денунцира браќата Миладинови, го организира нивното апсење и испраќањето во затвор во Цариград, каде е и нивниот крај. Така и синот Темко ја прави својата кариера, за во дваесетите години од минатиот век, да заврши како српски градоначалник на Охрид.

Младата македонска историографија, сѐ до околу 2000 година тргнуваше од фактот дека сите македонски револуционери биле бугарофили (безобразна синтагма за нивната национална припадност), па кон нив се однесуваше како кон полу-непријателски елементи. Поточно, борбата со оружје во рака им ја признаваше, но идеолошкиот и националниот елемент беа мета на тивка, но перманентна критика. Таква беше судбината на д-р Христо Татарчев, Христо Матов, Дамјан Груев и ред други, со мала национална дистинкција кон Петар поп Арсов. За Тодор Александров и Ванчо Михајлов беа во унисон со бугарската историографија-тие беа фашисти, речи си нацисти и не го заслужуваа вниманието на историчарите. Москва и Белград беа воодушевени од оваа позиција на Скопје и Софија.

Вон опсегот на болшевиците остана Гоце Делчев. Иако за него, некаде во педесетите години од минатиот век, сесилниот Лазо Колишевски рекол дека се работи за некаков бугарски комита, Гоце ја надмина стигмата на комунистите. Неговата прерана и херојска смрт, како и позициите дека тој, наводно, никогаш немал контакт со Дворецот, беа спас за неговото име, неговата душа и неговиот пат кон пантеонот на “македонските“ маченици, како во Софија, така и во Скопје. Белград го прифати, даже имаше и име на улица во Белград, за тоа, по 2000-та година да биде променето и насилствено заборавено. Остана само името на училиштето во село Јабука, Војводина, каде има преселници од Македонија, дојдени по 1945 година.

Ако квазисоцијализмот/комунизмот беше илузијата во која живеевме, сега дојде времето на бруталниот реализам. Македонската историска наука сфати дека Гоце Делчев е алката за македонската историска врска со минатото, но и врската со сегашноста. Тој е единствениот кој може да ги помири ликовите на Христо Татарчев, Груев, Матов и ред други, за да направи континуитет со Тодор Александров, полковник Борис Дрангов, Кирил Дрангов, Иван Михајлов, посебно со неговото дело “По врвиците на македонското ослободително движење“. Само преку него, може да се инструментализира македонизмот како идеја за борба за слобода, тој требаше да биде новиот Мисирков, во сферата на Револуцијата…да ги помири ТМОРО/ВМОРО, ВМРО, со НОБ и КПМ, да ги соедини Илинден 1903 и Илинден 1944 година…да го обедини постоечкиот југомакедонизам, со традиционалното македонство на македонските бугари, нормално, на штета на бугарската кауза во Македонија.

И покрај целиот македонистички оптимизам, залегнат во сите македонски партии и структури, штедро поддржуван од сите, проектот не успеа. Софија се сети (да бидеме искрени, со огромно закаснение) дека преку Делчев се навлегува во битието, во ткивото на бугарската нација, ткиво ионака слабо и разнебитено со долготрајната советска/руска окупација на духот и телото на бугаринот. Сѐ сепнаа…се дигна вој до небо и за прв пат, по многу време, сите бугарски структури, од Парламетот и Президентот, па се до Бугарската академијата на науките и уметностите, Македонскиот научен институт, застанаа како еден во одбрана на сопствената историска наследност. Веќе стана јасно, дека ако нема бугари во Македонија, нема ни Гоце Делчев, ни Илинден, ни ТМОРО. Делчев е континуитетот на борбата на македонските бугари за слобода, борбата да живеат во единство и борбата за државност. Тоа е она што македонистичката историографија, нарачана од Белград и поддржана од Москва сака да го одземе на бугарското племе, да го раздели и да го владее по старите империјални постулати. Тоа е проверената подла намера на комунистите и актуелните фалшиви вмровци, да ги разделат “добрите“ од “лошите“, бугари, да ги спротистават едни на други, за со сите да можат да владеат непречено.

Ако македонската историографија успеа “неурамнотежениот Мисирков“ (цит. по Иван Михајлов), да го наметне како бард на фалшивата национална духовност на македонецот, тоа не можеше да се направи со Делчев…неговите бугарски траги се предлабоки и видливи.

Борбата за внесување на бугарите во македонскиот Устав, ќе биде напорна и тешка. Тоа ќе биде крајот на измислениот континуитет на македонската нација “со векови наназад“. Така, на територијата на сегашната РСМ ќе се обнови, ревитализира и легализира бугарската нација, како единствен наследник на револуционерното дело на ТМОРО и борбата за слобода и идентитет.

После повеќе од сто години, во Македонија се отвора вистинската расправа за идентитетот на Гоце Делчев. Тој ги отвора и началствува на современите македонски предизвици за нашиот идентитет и место во историјата. Промената на Уставот ќе означува и промена на поимањето на македонските историски личности, потврда за нивниот бугарски национален идентитет и борбата за национална слобода.

Така и Гоце ќе си го заземе своето историско место, истиснувајќи ги од македонистичкиот пантеон конвертитите, претставниците на српската и руската визура за македонската нација, оние кои ја продале својата бугарска идентичност, како и оние кои приклониле глава кон “мултиперспективното“ поимање на историјата.

Тогаш да го прашаме Путин “чија е македонската земја“ (Константин Величков) од која дошле сѐсловенските просветители.

Величков бил дипломатски претставник на Бугарија во Белград, во периодот 1902-1904 година. Интелектуалец од висока класа, поет и сликар, уште тогаш, во периодот на Востанието и неговиот разгром, ги видел апетитите на српската и грчката политика кон Македонија и ја напишал својата позната песна “Чија е македонската земја“,

Млъкнете вече, ритори безчестни, потайте се, безсрамни, в свойта тма и не разправяйте с пестници бесни чия е македонската земля.

***

Кажете, че под зрака на звездите, изтръпнали от грозната хула, ще станат и ще кажат мъртъвците чия е македонската земля.

Некаде длабоко во своето претчувство, предосетил ли поетот дека поради ровењето по земјата на мртвите, еден ден тие,

ще станат и ще кажат мъртъвците чия е македонската земля.

Таму припаѓа и Гоце Делчев, срцето на револуционерната борба, лидерот на Организацијате и бесмртниот спомен на борбениот дух и непомирливоста на Бугарите од Македонија!

Написот на Владимир Перев е дел од излагањата претставени на тркалезна маса посветена на Гоце Делчев, организирана од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје и одржана на 6 март 2024 г.

Слични Објави