Делегацијата на МПЦ-ОА во Софија за опелото на патријархот Неофит
Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пристигна во Софија, за опелото на блаженоупокоениот Бугарски Патријарх Неофит, јавува liturgija.mk.
Во нејзин состав се Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион. Пред зградата на Светиот Синод делегацијата беше пречекана од Митрополитот Старозагорски г. Кипријан.
