Продолжува најголемиот бугарски фолклорен фестивал во Северна Америка
Во Чикаго денеска продолжува најголемиот бугарски фолклорен фестивал во Северна Америка. Тој е познат по името „Вереjа“. Веќе 14-та година во Чикаго се среќаваат танцови ансамбли од цела Северна Америка. Специјален гостин оваа година е ансамблот „Бугарче“ од градот Винга, во Банат, Романија, јавува БНР.
Според неофицијални информации, на територијата на САД и Канада во моментов има најмалку 60 бугарски танцови ансамбли, а уште 10-15 се американските ансамбли, кои ги проучуваат бугарските танци. Годинава на фестивалот „Вереја“ свират и пеат 43 од овие групи или ансамбли. Фестивалот започна во четвртокот и вклучува придружни настани како танци, средби, семинари, изложба на производи од мајстори на применетата уметност и слики од уметници кои живеат и работат во Бугарија.
Синоќа концертот подготвен од кореографот Стојан Михов со ора од различните фолклорни краишта на Бугарија и инспирираната изведба на потомците на банатските Бугари од градот Винга, Романија ја крена публиката на нозе во во центарот „Малата Бугарија“ во близина на Чикаго.
