Фондацијата „Бугарска памет“ со уште една голема донација за Мала Преспа, Албанија
Д-р Милен Врабевски и неговата фондација ,,Бугарска памет” направија уште една голема донација за албанскот регион Мала Преспа каде што живеат и луѓе со бугарски корени. По молба на градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, и заменик градоначалникот Јани Никола, фондацијата обезбеди опрема за канцелариите во реновираната општина.
Донацијата која вклучува 44 бироа , 44 шкафови, 60 столови, конферентни маси и 25 компјутери, беше официјално предадена на градоначалникот на Општина Пустец од претставници на фондацијата ,,Бугарска памет ” и на амбасадорот на Р. Бугарија во Албанија, Ивајло Киров.
,, Многу сме му благодарни на д-р Милен Врабевски за тоа што одговори на нашата молба и веднаш го организираше купувањето и испраќањето на канцелариската опрема. Тој повторно и помогна на Општината и покажа грижа за комфорот на граѓаните”, вели заменик градоначалникот на Пустец Јани Никола пред БТА.
Според Бугарката од Пустец Софика Мале фондацијата ,,Бугарска памет” е организацијата која во последните 5 години придонела најмногу за развојот на регионот, покажувајќи им на локалните луѓе дека можат да сметаат на помош и нега од Бугарија.

