|

(Видео) 128 години од раѓањето на Цар Борис III Обединител- македонски Бугарин од Кратово е автор на документален филм посветен на Ослободителот на Македонија

„Цар Борис Обединител“ е бугарски документарен филм снимен во 1943 г. Режисер на филмот е бугарскиот драмски режисер и актер Борис Борозанов роден во Кратово. Сценариото е дело на Борис Борозанов и Димитар Симидов. Сниматели се Петар Јурицин, Стојан Христов, Васил Холиолчев и Георги Парлапанов, а музиката е напишана од Васил Спасов.

Филмот разкажува за животот на цар Борис III и ја прикажува националната жалост по неговата смрт на 28 август 1943 година. Прикажана исто така е и богослужбата во катедралата Свети Александар Невски, на која се присутни роднините на царот, државни функционери и службеници, почесната гарда на бугарската армија, офицери, специјални пратеници од странство и многу обични Бугари. Посмртните останки на монархот со воз се пренесени во Кочериново, а оттаму во Рилскиот манастир, каде што е погребан.

Слични Објави