ВИП, ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА
Денеска започна вториот циклус на програмата на телекомуникациската компанија ВИП, „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно.“ Ова е едукативна програма за деца и предвидено е да бидат опфатени 20 основни училишта. Целта е да се подигне свеста за побезбедно користење на интернетот кај најмладата популација.
„Оваа тема е многу значајна и наша одговорност е децата да бидат безбедни додека ги користат популарните социјални медиуми. Сè уште оваа тема не се провлекува низ јавноста колку што треба и колку што сакаме, а ние сакаме да ја промовираме, безбедноста на интернетот, безбедноста на учениците и до крајот на годината ќе опфатиме 12 градови во 20 училишта“, рече Мислав Галер директорот на ВИП.
