|

Бајден ја започна својата посета на Франција со церемонија на Триумфалната капија во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го пречека американскиот претседател Џозеф Бајден на церемонијата на Триумфалната капија во Париз, а двајцата лидери ќе разговараат за Украина, Појасот Газа и глобалните безбедносни прашања, како што е зајакнувањето на НАТО.

Макрон и Бајден положија голем венец на споменикот на непознатиот војник под Триумфалната капија, објави Гардијан.

Двајцата лидери ќе имаат официјални разговори и ќе имаат работен ручек пред државниот банкет за американскиот претседател и прва дама на САД Џил Бајден во Елисејската палата закажан за вечерва.

Во четвртокот Макрон и Бајден присуствуваа на комеморацијата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија.

Бајден пристигна во Франција во средата, а во четвртокот одржа говор по повод 80-годишнината од Денот Д, односно слетувањето на сојузниците во Нормандија во 1944 година.



Слични Објави