| |

ХАН НЕ ВЕРУВА ДЕКА ГРУЕВСКИ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент”.



Слични Објави