| |

Во античкиот град Хераклеа Синтика во Бугарија е откриена најдобро зачуваната мермерна скултура во регионот

Во античниот град Хераклеја Синтика во близина на Рупите во Бугарија е откриена мермерна скулптува во цел раст, јавува преку социјалната мрежа Facebook Archaeologia Bulgarica.

Мермерната скулптура, која археолозите почнаа да ја откриваат вчера во Големиот канал на античкиот град, се покажа дека е неверојатно добро сочувана – за разлика од сите други досега откриени.

„Скулптурата е висока преку два метри и веројатно го отсликува Хермес, едно од најпопуларните божества на овие простори – коментира раководителот на ископувањето проф.д-р Људмил Вагалински.

„Имаме уште многу работа и не сакам да избрзувам со заклучоци, но отсега можам да кажам дека оваа древна статуа не само што е најдобро зачуваната меѓу откриените овде, туку и воопшто во Бугарија. Претпоставувам дека некогашните жители на градот ја положиле во нечистотија на ова место по големиот земјотрес во IV век – за да зачуваат за подобри времиња едно од нивните стари божества во период кога христијанството веќе било официјална религија“, додава проф. д-р Вагалински.

Статуата внимателно ќе биде преместена во музејот Петрич и по потребната реставрација и конзервација ќе биде изложена за посетителите таму.

Слични Објави