|

Одбележуваме 170 години од раѓањето на чешкиот историчар Константин Јиречек автор на книгата Историја на Бугарите

КОНСТАНТИН ЈОЗЕФ ЈИРЕЧЕК (1854-1918) е виден чешки историчар, политичар, дипломат, славист и универзитетски професор во Прага и Виена. Автор е на повеќе научни трудови. Во 1876 г. за прв пат ја издава книгата ИСТОРИЈА НА БУГАРИТЕ:

“Цар Самуил, кој го зел в раце управувањето околу 977 г., не само што ја продолжувал војната со енергија, но дури до смртта постојано бил зафатен со неа, така што кон крајот водел навистина само очајно спротивставување. Додека на исток Византијците се бореле со Варда Фока, Самуил ја опустошил Тракија и грчките провинции, разположени крај Егејско море. Жителите на предходното Источно (бугарско) царство востанале, ги изгониле Византијците, кои ги владееле околу осум години, и се присоединили кон слободното Бугарско царство, кое по таков начин одново се простирало до устието на Дунав и до Понт.

Околу 981 г. Самуил се обрнал со сите сили на југ кон Тесалија и Елада и откако го превзел најпрво пограничниот град Лариса, тој ги преселил неговите жители во Бугарија. Меѓу трофеите од тој поход во Елада се наоѓале моштите на св. Ахилеј, кои Самуил заповедал да се пренесат од Лариса во новата резиденција, која тој ја преместил од Воден во Преспа.

Императорот Василиј бил многу зафатен со работите на Исток, та не бил во состојба да се противи на Самуиловите успеси. Едва на десеттата година од своето царување (986 г.) тој презел еден поход. Од Пловдив тој преминал низ тесни и стрмни патеки до древните Succi (Трајанови врата), оттаму до Сердика.

Започнал обсада на градот, но Самуил се приближил со војски од целата западна страна. После 20 дена Византијците ја запреле обсадата и брзо отстапиле назад. Како што брзале да се промакнат низ најдлабокото место на котлината кај Ихтиман Бугарската војска од две страни се подала од дното на гората и со ужасен град стрели се фрлила против вкочанетите од страв Ромеи. Повеќето од војниците паднале под мечевите и боздуганите на Бугарите. Тоа била прочуената битка во Бугарскиот проход (ἐν τῇ Βουλγαρικῇ κλείσει); така го нарекувале тогаш Византијците.

Во следните три години Василиј толку бил зафатен со бунтовите во Мала Азија, така што не можел да мисли за војна, со која да се одмазди на Бугарите. Едвај од како било задушено востанието на Варда Фока, Василиј II имал возможност да се вооружи повторно против Бугарите. Во 991 г. тој се упатил преку Тракија и Македонија за Солун и војувал со Бугарите четири години. Оттогаш императорот Василиј си поставил за главна цел на животот не само да се бори систематски со Бугарите, но и да ги пороби наполно. Неговиот суров и бездушен карактер се пројавил наполно во изтребителната 28-годишна борба со Бугарите.

Самуил се решил да преземе за втор пат поход кон Елада. Никифор Вест тргнал да го гони со пресна војска. Бугарите побрзале да се вратат преку Термопилите и запреле да логоруваат спроти него на десниот брег од надојдената река Спрехеј. Преку ноќта, кога Бугарите, сметајќи се во полна безопасност, спиеле спокојно, Грците нашле брод и ја преминале реката. Ноќното клање свршило со полно уништување на Бугарската војска. Самуил, за прв пат победен, со мака избегал кон укрепениот остров на Преспа.

Само новите војни со Арапите и Грузијците му попречиле на императорот да нанесе смртен удар на Бугарија.

После 11-годишни подготовки во 1014 г. почнала последната војна. Во проломите на Клидион, близу до Струмица на 29-ти јули 1014 г. стратегот Никифор Ксифиј брзо ја заобиколил планината Беласица јужно од проходите и ги нападнал Бугарите в тил. После еден очаен отпор Бугарската војска била уништена. Самуил со мака се спасил во Прилеп. Страшна судбина ги снајде 15 000 Бугари, запленети во битката при Беласица. Василиј II заповедал сите да ги ослепат, така да остават на секој сто души по еден едноок да ги води и во таков вид ги испратил кај нивниот цар во Прилеп. Кога Самуил ги видел така безчовечно осакатени, паднал во несвест и после два дена, на 15-ти септември 1014 г., починал после 38-годишно царување.

Самуил се појавува како енергичен, мажествен и хуман господар, кој успеал со победи да го издигне Бугарското царство одново на онаа висина, кое тоа го достигна со Симеон.“

История на българите Константин Иречек



Слични Објави