Марионетите на Вучиќ во Скопје го исполнуваат неговиот сон – Македонија да биде Јужна Србија
Пишува: Љупчо Куртелов/БГНЕС
Надворешната политика на новата македонска влада, која се одразува и на меѓународните односи на земјава, наликува на страстен пушач кој пали цигара во просторија полна со барут.
Причината за таа моја констатација е инцидентот со претседателката на Косово, г-ѓа Вјоса Османи, на скопскиот аеродром. Актерот бил полициски функционер, режијата е на повисоките политички структури, а сценариото е напишано малку северно од Скопје.
Македонија го призна Косово како независна држава, но сега по „намигнувањето“ на Вучиќ гледаме како да се скараме и со нив.
Нашите односи со Грција и Бугарија (особено со Бугарија) се екстремно влошени, што влијае и на нашите односи со Европската Унија.
Со Косово, кое е тесно поврзано со Албанија, можеме да очекуваме заладување на односите. Тоа нема да им се допадне на Албанците во Македонија и ќе биде дополнителен мотив за дезинтеграцијата на Македонија, која во пракса започнува со идејата за создавање (паралелна) албанска академија на науките и со формирање на заедница на албанските општини…
Македонските политичари треба да бидат далекувиди и да не ја отвораат „Пандорината кутија“ која може да ја натера Македонија да престане да постои како држава. А тоа се „влажните“ соништа на Вучиќ и неговите марионети во Скопје – западниот (албанскиот дел) да се отцепи, а остатокот од Северна Македонија да биде Јужна Србија.

