|

Ненси Пелоси: Мојата животна цел е Трамп никогаш повеќе да не влезе во Белата куќа

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси изјави дека нејзината животна цел е републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп никогаш повеќе да не влезе во Белата куќа и  затоа го поддржува повлекувањето на кандидатурата на Џозеф Бајден.

Таа тоа го изјави во разговор со новинарите за време на презентацијата на нејзината книга, притоа удирајќи девет пати по масата за да ја потврди својата решителност и да објасни дека морала да преземе нешто бидејќи не можела да поднесе да го следи развојот на настаните, пишува Вашингтон пост.

Пелоси рече дека затоа се приклучила на напорите да го убеди претседателот Џозеф Бајден да ја напушти изборната трка, бидејќи тој убедливо ја губи кампањата, посипувајќи рози на патот на Трамп кон победата.

Слични Објави