П.КОЛЕВ: РОМАНСКАТА СПЕЦИЈАЛНА ЈАВНА ОБВИНИТЕЛКА Е РОМАНСКИ ПАТРИОТ, НЕ ЗНАМ ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО КАЖАМ ИСТОТО ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА ОД СЈО.
„СЈО не работи на висина на задачата. Нашата специјална јавна обвинителка требаше да земе пример од нејзината романска колешка, која не се исплаши од политичката елита и испрати во затвор голем број романски министри и пратеници, за кои се докажа дека направиле криминал“- изјави Петар Колев во емисијата „Анализи и коментари“ на штипската телевизија ТВ Стар.

