СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ДА ПРЕСТАНЕ СО ПРАКСАТА ДА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ
ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на Сваровски судството е навикната да врши притисоци, да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат како што тоа го правеше за време на 11 годишното криминално владеење, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.
Таквото време на притисоци, закани, уцени, нарачани предмети и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, обвинителствата, судовите работат професионално во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Секој што постапувал незаконски ќе одговара за своите постапки, никој не е и нема да биде над правдата.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски треба да престане со заканите и да ги остави обвиителските и судските органи да ја вршат својата работа професионално, независно и ослободени од секакви притисоци,
се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

