Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски
Морфолошката структура на пејзажните знаци како автономна појава со автентична еволуција, како и достапните локални ресурси, картоните, втиснувајќи им ја универзалната димензија се извор за мојата уметничка идејавели авторот.
Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот био-отпад, трансформиран во галерискиот простор.
Рустикалната обработка на картоните на соодветен начин ја нагласува линијата и формата како елементи на изразување на уметноста. Ритмичното повторување на мотивите силно ја нагласува динамиката, која во голема мера зависи од позиционирањето на формата, бојата, движењето и рамнотежата на композицијата. Оваа модулација дава најкомплексно објаснување на геометриските форми, која од постоењето на овој феномен ѝ дава статус на филозофска категорија идентична со принципот на функционирање на космичкиот поредок и одговара на теоријата на ритмичко повторување на животот што се движи и постојано се менува . Ритам во уметноста е над сите вреди. Тоа е фактор што го прави редот, носи хармонија во хаосот, тој е оној кој е врвен принцип и монитор кој ги регулира сите уметнички елементи.
Давид Атанасоски е роден во Прилеп 1995 година. Во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација.
Извор: Макфакс