| |

Радев со поддршка за медицинските прегледи на Фондацијата „Бугарска памет“ во Мала Преспа

Бугарскиот премиер Румен Радев ја оценил како иницијатива од високо општествено значење медицинската мисија на Фондацијата „Бугарска памет“ во албанскиот регион Мала Преспа и изразил подготвеност Владата да биде активен институционален партнер во поддршката на бугарските историски заедници во странство, соопшти Фондација „Бугарска памет“ преку објава на социјалната мрежа Facebook.

Ставот на Радев е изнесен во писмо до претседателот на Фондацијата, д-р Милен Врабевски, по повод претстојните превентивни медицински прегледи во Мала Преспа, каде што, живее и автохтоно бугарско население.

Од Фондацијата „Бугарска памет“ му се заблагодарија на премиерот за, како што наведуваат, високата оценка и искажаната поддршка за нивната работа.

„Поддршката на бугарските институции и добрата координација меѓу државата и невладиниот сектор се од клучно значење, за ваквите иницијативи да не останат поединечни гестови, туку да се претворат во доследна и навремена грижа за нашите сонародници во странство“, наведуваат од Фондацијата.

Првата медицинска мисија во Мала Преспа за оваа година ќе започне на 11 септември. Тимот, предводен од проф. Иво Петров, ќе вклучува специјалисти од областа на кардиологијата, васкуларната хирургија, неврологијата, ревматологијата и ендокринологијата.

Иницијативата за медицински прегледи во регионот се реализира четврта година по ред.

Слични Објави