МОТОРЏИИТЕ ЗАДОВОЛНИ ШТО ЌЕ ПЛАЌААТ ПОМАЛИ ПАТАРИНИ

//

Мотоциклистичката федерација на Македонија упати јавна благодарност до јавното претпријатие „Државни патишта“ бидејќи со измените за висина на наплата за патарина, мотоциклите се ставени во посебна категорија со помал надоместок.

– Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до нашата Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли по што на наше големо задоволство добивме позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое е задоволено нашето барање. Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме, се наведува во денешното соопштение од Мотоциклистичката федерација на Македонија.





Претходна статија

НАВИВАЧИТЕ НА „ОЛД ТРАФОРД“ И „ЕНФИЛД“ НЕМА ДА ГЛЕДААТ ВАР НА ЕКРАН ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА

Следна статија

ПАЛМЕР: АКО ЕУ НЕ ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ, ЌЕ ИМА ВО ЈУЛИ ИЛИ ОКТОМВРИ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да