| |

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи провокација, обвинувајќи дека македонистичкиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград бил вандализиран уште пред да биде официјално отворен. Во соопштението тие испратиле и фотографија од наводното вандализирање, а имено бришењето на буквата М од името на клубот „Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“.

„Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград. вчера беше предмет на вандализам од страна на непознат сторител/и на кого му смета се што е Македонско во Република Бугарија. Како што ни јавија нашите пријатели од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, во текот на вчерашниот ден беше извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров.
Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин.“, стои во соопштението на НОВ АСНОМ.

Нашиот портал доби фотографија од наши читатели во Благоевград, кои тврдат дека истата е направена денеска и на која јасно се гледа дека натписот со името на културниот клуб не е вандализиран и е целосен.

Фотографиja изпратена од наши читатели од Благоевград.


Се поставуваат две клучни прашања, а имено, дали „вандализирањето“ на клубот, не е изработено преку бришење на првата буква од името на клубот преку програма за редактирање на фотографии и ако не се работи за таков случај, како наводните „вандали“ го извршиле делото, ако се знае дека буквите се испечатени од внатрешната страна на излогот на просторијата во која што се наоѓа клубот. Нема никаква информација корисниците на овој клуб да пуштиле пријава во бугарската полиција дека некој провалил во нивните простории.

Фотографијата што Нов Асном ја испрати до медиумите во РС Македонија

Организацијата „Нов Асном“ преку одредени медиуми во РС Македонија, успеа да ја постигне својата цел и да направи барана провокација. Но изгледа дека вистината е сосема поинаква.



Слични Објави