| |

НИМИЦ:НОВ ДОГОВОР И РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО НЕ СЕ ВОЗМОЖНИ

Нов договор и „брзо решение”, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, вели Нимиц.

Евентуалниот нов договор меѓу Скопје и Атина, според него, би траел со години, а не со месеци, бидејќи сите прашања вклучувајќи го и името за севкупна употреба – ерга омнес ќе бидат вратени на почетна позиција, а веројатно ќе има и различен политички моментум во двете земји, како и промени во регионалната и глобалната политичка сцена, истакнува Нимиц (Повеќе)

Слични Објави