СДСМ, Саша Српче, Данела и двојниот аршин

//

Пишува: Маузер

Бугарскиот претседател Румен Радев и бившиот премиер и сегашен водач на опозицијата во Бугарија Бојко Борисов ги примија претставниците на македонските Бугари кои пред нив, сведочеа за тешката состојба во која што тие се наоѓаат во Македонија. Во исто време, во македонското општество кое сака да се фали колку сите имаат секакви права, започна хајка против кандидатката на ДПМНЕ – Ваљево за градоначалник на Скопје поради нејзиниот наводен бугарски пасош.

Јасна е импликацијата, за да добиеш бугарски пасош во Македонија мора да декларираш и докажеш бугарска етничка припадност и бугарско потекло преку своите родители, а тоа е предавство. Данела и нејзиниот сопруг за да го добијат тоа морале цело свое семејство да го објават за бугарско. Ништо страшно нели, но декларирање на бугарска етничка припадност во Македонија сè уште се третира како врв на предавништво. Секако, можеш да си Бугарин ако имаш потекло од Бугарија, но Бугарин од Македонија е тоа значи дека си агент и предавник и со тебе треба да се расчисти. Ако може кон Данела да има таква хајка за изјавена на хартија бугарска етничка припадност, можете ли да замислите како им е на останатите македонски Бугари. Данела, која што верувам, дека во целост е со македонистичка ориентација мора да го крие бугарскиот пасош, а замислете си вистински македонски Бугарин да се кандидираше. И после тоа зошто луѓето не сакале да се декларираат како Бугари или им било страв? Генерално од власта нема да имаш проблеми, ако си многу тивок, но ќе ти следува изолација и жигосување, а ако им застанеш на пат покрај социјалната изолација и власта ќе те изеде, па ниту вето од Бугарија не те спасува. И тоа од наводното СДСМ кое во теорија било помеко од ДПМНЕ Ваљево.



Исто така не може и да не се примети двојниот аршин кој е на сила кога станува збор за односите сегашни и историски со Бугарија. Денко Малески беше разпнат на крст и доживуваше невидени напади кога кажа дека некогаш можеби сме биле ист народ со Бугарите, а професорката Иванка Василевска од ДПМНЕ- Ваљево кажа дека треба да се обединиме со Србија бидејќи не нè бива како самостојна држава и никој дури со око не трепна. Во исто време Данела е предавник, затоа што има бугарски пасош, во меѓувреме да не забораваме дека градоначалник во заминување на Центар од редовите на СДСМ е Србинот Саша Богдановиќ. Во тоа секако дека нема ништо лошо, Саша си е тоа што си е, искрен за својата етничка припадност, па дури и се женеше на Косово со сите можни српски обичаи. Саша дури на фејзбук, како актуелен градоначалник „лајкува“ објави каде што пишува дека Македонците или барем дел од нив се Срби . Тоа на никого не му смета нели?

СДСМ во моментов е давеник кој се фаќа за сламки, а едната од тие е бугарскиот пасош на Данела. Јас сум 100% сигурен дека тоа нема да им упали и дека ќе го изгубат Скопје уште поубедливо и покрај оваа црна кампања, но дали тие ги разбираат последиците од нејзе? Официјална Софија гледа и не може да си поверува на среќата. Ги трие очите, не ѝ е јасно како може да им биде доделен таков пенал и тоа во моментот кога се води кампања за недостатокот на права на Бугарите во Македонија. Како Заев или кој и да го наследи после понеделник ќе го објасни на европските партнери проблематизирањето на искажаното на хартија бугарско етничко потекло на кандидат за градоначалник? Пред кого и со кој образ ќе одат да плачат дека лошата Бугарија нив ги тепа и казнува? Или едноставно не им е гајле и ова е само дел од стратегијата на помал отпор (национализам) за која што веќе пишував во претходната колумна или едноставно толку им работат црпките и не им текнало во моментот. Во секој случај или се малициозни или некомпетентни, а можеби и двете.

Претходна статија

Радев ги прими македонските Бугари-Бугарија решително застанува зад нивната борба за рамноправност

Следна статија

Кој ќе го има мнозинството? – За Ахмети власта е стабилна, Заев: Разговараме со Алтернатива

Најново од Истакнато