Вихрен Георгиев ги руши стереотипите со своите фотографии
Кога човек е трагач и способен за работа, талентиран и креативен, резултатите не доцнат, а доказот може да се види во проектите на Вихрен Георгиев.
Својата идеја за People of Sofia (платформа за улично фотографирање) пред околу 10 години Георгиев почна да ја реализира со околу стотина фотографии, а сега има повеќе од 300.000 следбеници на различни социјални мрежи.
Се концентрира на луѓето од бугарската престолнина – како личности, расположението со кое зрачат, како активност или однесување со кое импресионираат.
Покрај тоа тој развива уште еден проект – Софија во детали, каде што фокусот – буквално и фигуративно – е Софија како град, архитектура и згради. Неговото омилено место за фотографирање е плоштад „Славејков“.
Со многу од сликите кои Вихрен Георгиев ги раскажува со фотоапаратот, тој ги руши стереотипите. Фотографот за Радио Софија истакнува:
„Во Бугарија сакаме да лепиме етикети на луѓето (оние кои се различни од нас), да изразуваме мислење дури и за работи што не ги разбираме. Многу е лесно да мразиш нешто што не го знаеш или не го разбираш.“
Една од темите на кои работеше неодамна е за ромските студенти кои студираат медицина.
„Тие се пример дека работите се менуваат, не треба да бидеме робови на клишеа и етикети“.
Според него, дури и ако човек е екстремен и негативен, ако повеќе разговара со луѓето и ги разгледува деталите полесно ќе почне да ги разбира другите и да биде потолерантен.
Вихрен Георгиев исто така истакна дека црно-белото е класична фотографија, но не треба да се спротивставува на бојата. И двете имаат свое место, зависи од изразните средства и од концептот на самиот автор, „зависи од објектот што го фотографираш“.
Фото: БНР

