| |

Службениот премиер на Бугарија Димитар Главчев оддаде почит на споменот на жртвите на тоталитарните и авторитарните режими

Службениот премиер на Бугарија Димитар Главчев оддаде почит пред споменот на жртвите на тоталитарните и авторитарни режими, објави бугарската Влада на својот Фејсбук профил, пренесува БТА.

„Денес е европскиот ден во спомен на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими. Споменот на жртвите не е заборавен и никогаш нема да биде заборавен. Тоталитарните режими, без разлика на нивната идеологија и нивните разлики, имаа едно заедничко нешто- нивната желба да го потчинат човечкиот дух, да ја згазнат слободата и да ги уништат сите, што се осмелиле да размислуваат поинаку. Денес, додека им оддаваме почит на жртвите, преземаме одговорност да го спречиме повторувањето на овие ужаси. Почит кон споменот на жртвите“, вели Главчев, цитиран во публикацијата на бугарската Влада.

Слични Објави