(ВИДЕО) ВИКТОРИИНИТЕ ВОДОПАДИ- НАЈГОЛЕМ ВОДОПАД НА СВЕТОТ- ГЛЕТКА ШТО ВООДУШЕВУВА

Дали сте љубители на водопади, на убавата глетка која тие ја нудат или пак на симфонијата од природни звуци отсвирени од падот на водата? Дали сте чуле за реката Замбези, или пак за Викториините водопади?

Викториините водопади се создадени од реката Замбези чии рамен тек се прекинува кога наидува на процеп во базалтната основа и целата вода од реката пропаѓа во Првата Клисура- широка 80 метри на западниот крај, а до 108метри на средината.

На работ на водопадот има два острова кои се доволно големи да ја поделат водената завеса на два дела.

Самиот водопад е природна граница помеѓу државите Замбија и Зимбабве.

Милион капки вода без прекин паѓаат и создаваат фина магла која се крева над водопадот, а бучавата која ја создава водата се слуша на километри наоколу.

Недалеку од водопадите се протега мостот Кејп-Каиро кој ја поместува реката Замбези и ги поврзува Зимбабве и Замбија.

Изградбата на мостот траела само 14 месеци, а идеата за мостот потекнала од Сесил Роудс кој сакал водената магла од водопадите на прска по вагоните.

Љубителите на екстремните спортови и адреналинот имаат можност да изведуваат Банџи скокови високи 111 метри.

Погледнете го видеото и уживајте!

Слични Објави