ТОПЧИЊА ОД БИСКВИТИ И ЧОКОЛАДО

За топчињата:
200 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав
200 гр. мелени бисквити
2 лажици џем од кајсија

За украсување на топчињата:
150 гр. чоколадо

  1. Изматете го со миксер маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити и замесете. (соединете ги состојките со рака).
  2. Земете по малку од смесата и на дланката формирајте топчиња.
  3. Загрејте го џемот, а потоа премачкајте ги топчињата со џем (натопете ја силиконската четка во загреаниот џем и премачкајте ги топчињата). Потоа ставете ги во рендано чоколадо за готвење. Оставете ги да се стегнат.
  4. Ставете ги топчињата во хартиени корпи, потоа сервирајте.

Слични Објави