| |

АДЕМИ И ЦАКАЈ: ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

Министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми денеска во рамките на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, оствари средба со Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Фокусот на разговорите беше врз напорите на двете земји за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Министрите детално разговараа за чекорите кои се преземаат и ќе се остварат во насока на операционализација и спроведување на одлуките на надлежните централни и локални власти, како и препораките на УНЕСКО.

„Заштитата на Охридскиот регион, квалитетот на живот на граѓаните и владеењето на правото е приоритет на Владата на Република Северна Македонија“, изјави министерот Адеми.

Од своја страна, министерот Цакај ја потврди посветеноста и подготвеноста на Владата на Република Албанија целосно да биде ангажирана во заедничкото управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Утре на 16 ноември, во рамките на учеството во генералната дебата на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, министерот Адеми ќе има свое обраќање.

Слични Објави