ПАДНАЛЕ ОД МОТОР, ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА
Скопската полиција извести дека вчера во 13 часот во село Визбегово, 63-годишниот Б.Р. од Скопје, управувајќи мопед „џонвеј“ паднал на коловозот.
Во незгодата тешки повреди здобил мотоциклистот и малолетниот сопатник. Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана прва помош.
