СУБ-КОМУНИЗАМ ВО ДВЕ ФАЗИ

Не, јас не сакам овде да седам, не, јас не сакам мразој да гледам, орелски крилја как да си метнам и далеку од овој комунизам да прелетнам.

Така размислуваме оние кои учевме, се подготвувавме, создадовме меѓународно искуство, решивме да живееме тука и сега, работиме, се трудиме да направиме кариера во нашата држава Македонија, но сме со хендикеп.

Имаме здрава кичма, не клекнуваме пред политичките криминалци, веруваме во демократијата, способни сме и сме спремни да се спротивставиме на ова лудило.

Не сум внук, баџанак, сестра или брат на некој „дембел“. Јас сум млад, образован и подготвен човек. И кој ве перцепира господа?! Вие не сте важни за овој свет! Вие сте важни за себе, своите тендери, роднини и партиски послушници!

Ние и без вас можеме, но вие без нас тешко. Ќе си ги спакуваме куферите, ќе заминеме од тука и не знам од каде ќе земате плати, пензии итн. Вие сте толку самовљубени и неспособни што освен да цицате како крлежи од буџетот, друго тешко дека правите. Ќе си бидете робови и такви ќе останете!

Но што со нас? Тие кои не сакаме да бидеме како вас?! Или пакуј куфери или…

Кај е интелегенцијата? Професорите, капиталистите, демократите? Кај сте се скриле вие глувци, со потенцијал на генијалци?

Од што се плашите? Денес ова ни се случува на нас, утре на нашите деца. Овој суб-комунизам наречен „ДПМНЕ-СДСМ ДОО” кој стимулира полтронство, непотизам и криминал до кога ќе го трпиме?

Нема цел живот да се занимаваме со вас господа манипуланти од суб-комунистичкиот франкенштајн, но имаме сили за уште една битка. Или ќе ве поразиме или ќе го оставиме ропството и врз нашите деца.

Знамето на НАТО, не ве прави натовци. Тоа е прашање на култура, образование и домашно воспитување, нели се разбираме баџанаку?!


Автор: Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократската Унија- ГДУ