Д. ЃОРГИЕВ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СЕ ДЕКЛАРИРАЛ И КАКО БУГАРИН И КАКО МАКЕДОНЕЦ
„Постојат документи во кои Делчев самиот се изјаснува како Бугарин, меѓутоа, исто така, постојат и документи во коишто пишува дека тој е Македонец“- изјави во интервју за МИА претседателот на македонската страна од Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, проф. д-р Драги Ѓоргиев.
Ѓоргиев додава дека е согласен со чествувањето на Делчев како значајна личност за Македонија и Бугарија бидејќи тоа чувство е присутно и кај двете страни. Според првиот човек на македонската страна од Комисијата нема да се постигне ништо ако почне процес на докажување дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец. За Ѓоргиев нема дилеми дека Делчев е заедничка историска личност, споделена од Македонија и Бугарија.

