|

Шесто издание на Меѓународниот поетски фестивал

Меѓународниот поетски фестивал „Софиски метафори 2024“, чија програма е богата и разновидна, годинава се одржува по шести пат.

Настанот е на 28 и 29 септември.

Учесници се поети, преведувачи и културни менаџери од пет европски земји и Бугарија.

Традиционално, фестивалот, кој е дел од Календарот на културни настани на општина Софија за 2024 година, нуди неколку модули – поетски планер, работилница за превод, две книжевни премиери, поетско читање – гала настан на културите. Возбудливи средби со млади поети и етаблирани имиња на поетската уметност.

Теодора Станкова – директорка на Меѓународниот поетски фестивал „Софиски метафори“, ќе биде гостинка во „Артефир“. Слушнете го разговорот на Димитрина Ќуркчиева со неа.

Фото: БНР



Слични Објави